Connect with us

Фудбал

Германскиот репрезентативец му скрши рака на навивач, а федерацијата веднаш реагираше

Несекојдневна сцена се случила на загревањето пред натпреварот меѓу Германија и Шкотска (5:1) кога напаѓачот на „Елф“, Никлас Фулкруг со силен шут му ја скрши раката на навивач зад голот, објави Билд.

Имено, на загревањето, напаѓачот на Борусија упати силен удар покрај голот, но случајно удри навивач на трибините, кому во таа прилика му беше повредена раката. После тоа, несреќниот навивач веднаш бил пренесен во болница, а самиот се огласил на социјалните мрежи.

„Немам зборови, ова се луди работи“, напиша тој покрај фотографијата на која е во болница со гипс на раката.

Навивачот поради повреда го пропушти отворањето на ЕУРО 20204, а Германскиот фудбалски сојуз веднаш реагираше и му дозволи да присуствува на вториот натпревар против Унгарија кој денеска се игра во Штутгарт. ДФБ исто така договори еден од дресовите на Фулкруг да биде испратен до навивачот како гест на добра волја.

Фулкруг, кој постигна 12 гола за Борусија Дортмунд во Бундеслигата минатата сезона, го постигна четвртиот од петте гола на Германија против Шкотска кога ја проби мрежата на Шкотите со извонреден удар од 110 километри на час. Денеска од 18 часот на програмата е натпреварот меѓу Германија и Унгарија.