Други спортови
Ги намали градите и испиша историја, а сега ненадејно ja заврши кариерата! Познатата тенисерка имаше проблеми со деколтето (ФОТО)

Легендарната романска тенисерка Симона Халеп стави крај на својата успешна кариера на 34 години, а на стартот на професионалната кариера во „белиот спорт“ се бореше со необичен проблем.
Додека многу девојки се стремеле да имаат поголеми гради, прибегнувајќи кон пластична хирургија и зголемување, двократната Грен слем шампионка имаше различни планови.
Романката долго време беше далеку од тенискиот врв, никако не успеа да се пробие до самиот врв, а за лошиот настап ги обвини преголемите гради. Таа решила хируршки да ги намали градите и, како што се испостави, не погрешила.
-Кога го направив тоа, беше за тенис. Можеби тоа е најголемата жртва, но не се чувствувам како да жртвував нешто затоа што го направив тоа за тенисот. Едноставно кажано, ја сакам работата што ја работам, изјави таа.
До 2009 година, кога беше оперирана, Халеп беше многу попозната по тоа што ги имаше најголемите гради во „белиот спорт“, но и покрај големото негодување од нејзините обожаватели, сепак одлучи да се откаже од длабокото деколте за да напредува.
Халеп стана првата Романка која стигна до врвот на ВТА ранг-листата, постигнувајќи го тоа со пласманот во финалето на турнирот во Пекинг во 2017 година. Таа во полуфиналето во Пекинг ја победи Летонката Јелена Остапенко (6:2, 6:4) за 75 минути, што и беше доволно да ја симне од првото место Гарбине Мугуруза од Шпанија.
Покрај тоа, таа стана првата Романка која освоила Грен слем, прво на Ролан Гарос во 2018 година, а една година подоцна стана и владетел на Вимблдон.