Connect with us

Фудбал

Ги прегази со автомобил, хаос во Париз по пласманот на ПСЖ во финалето (ВИДЕО)

За време на прославата на навивачите на Пари Сен Жермен (ПСЖ) по квалификацијата во финалето на Лигата на шампионите, автомобил се удри во публиката, при што беа повредени најмалку три лица, од кои едно е во критична состојба.

Според „Ле Паризиен“, по вториот гол на ПСЖ, започнале прослави на стадионот „Парк де Принс“, како и на околните улици, каде што се собрале навивачи кои не успеале да добијат билети за големиот натпревар против Арсенал. По завршувањето на натпреварот, илјадници навивачи излегле на улиците, „како да го чекале овој момент целиот свој живот“.

Сепак, според овој француски медиум, прославата набрзо била заменета со голема загриженост.

На улицата Кристофер Колумбо, во близина на Шанзелизе, возачот на црна лимузина се удри во толпата што ја славеше победата.

Според париската полиција, најмалку тројца навивачи биле згрижени со брза помош. Еден е во критична состојба, а двајца се здобиле со полесни повреди.