Фудбал
Го нарекол фудбалерот на Вулверхемптон Џеки Чен, но неговиот клуб не гледа расизам во ова, избегната голема тепачка
Фудбалерите на англискиот Вулверхемптон и италијанскиот Комо вчера одиграа пријателски натпревар во Марбеља, кој го одбележа скандалозното однесување на фудбалерите на италијанскиот тим. Се играше во 68. минута кога Даниел Поденце му пријде на еден од дефанзивците на Комо и го удри со тупаница во глава, а по двеминутна гужва и туркање, португалскиот интернационалец доби директен црвен картон.
Причина за ова беше расистичката навреда на Хванг Хи Чан, а играчите на Вулверхемтон размислуваа да го напуштат натпреварот, но на крајот останаа на теренот и го завршија натпреварот. Имено, во текот на натпреварот, еден од дефанзивците го нарече Хванг „Џеки Чан“, што го изнервира Поденце, кој сакаше со тупаници да го заштити својот соиграч од расистички коментари.
По средбата,од Комо и ја потврдија приказната за нарекувањето на Хванг со името на познат актер од Хонг Конг, но истакнаа дека во тоа не гледаат расизам.
Official statement regarding yesterday's incident during our friendly vs. Wolves: pic.twitter.com/BuacRrbOQU
— Como1907 (@Como_1907) July 16, 2024