Го нокаутираше противникот, па прослави со македонско знаме (ВИДЕО)
Редакција5 јун 2026

Македонскиот борец Гого Славески продолжува со успешните настапи во БКФЦ (Bare Knuckle Fighting Championship), една од најпознатите организации за бокс со голи раце.
На последниот настан, Славески ја забележа својата осма победа во кариерата, совладувајќи го Џони Тељо по пет рунди борба.
Македонскиот натпреварувач беше доминантен во текот на целиот меч и неколкупати го испрати својот противник на подот, оставајќи им малку простор за дилема на судиите при носењето на одлуката.
За поранешниот шампион во БКФЦ, ова беше деветти професионален настап во организацијата, а со новиот триумф го подобри својот биланс на осум победи и само еден пораз.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



