Го освои Африканскиот куп на нации, играше на два светски првенства, но сега доби отказ
Редакција4 окт 2024

Репрезентацијата на Сенегал остана без селектор откако Алиу Сисе поднесе оставка под притисок на Фудбалскиот сојуз и министерот за спорт.
Притисокот дојде откако фудбалскиот сојуз на африканската нација соопшти дека се загрижени поради лошите резултати на тимот.
Министерот за спорт Кади Диен Гаје испрати писмо до федерацијата во кое објаснува дека не го одобрува евентуалното продолжување на договорот на Сисе.
Сисе ја водеше репрезентацијата на Сенегал 9 години, го освои Африканскиот куп на нации, а учествуваше и на две светски првенства, стигнувајќи до осминафиналето во Катар.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



