SportM
Фудбал

Го судеше финалето на Светското првенство, па стави крај на кариерата!

Редакција27 јул 2026
Го судеше финалето на Светското првенство, па стави крај на кариерата!

Славко Винчиќ официјално ја заврши својата легендарна судиска кариера, откако го судеше финалето на Светското првенство, и тоа на денот кога доби признание за најдобар судија на последниот Мундијал.

Една недела по завршувањето на финалето на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, Винчиќ официјално ја заврши својата исклучително богата судиска кариера на највисоко ниво во светскиот фудбал.

Судијата од Марибор стана првиот главен словенечки судија кој го судел финалето на Светското првенство за мажи, водејќи го натпреварот меѓу Шпанија и Аргентина во Ист Ратерфорд.

Словенечкиот судија помина низ многу предизвици за да стигне до ова ниво, а пред шест години беше во центарот на голем скандал во Босна и Херцеговина. Во 2020 година беше приведен во Бијељина во рамки на полициска акција поврзана со аферата со српската старлета Тијана Максимовиќ, позната како Тијана Ајфон, која беше осомничена за проституција и подведување.

За време на полициската акција „Кристал“ во Бијељина, спроведена поради сомневања за организирана проституција, трговија со дрога и нелегално поседување оружје, Винчиќ бил меѓу десетте приведени лица на еден ранч каде што се одржувала забава.

Во акцијата биле приведени повеќе лица, меѓу кои и Винчиќ, но тој подоцна истиот ден бил пуштен и се вратил во Словенија. Полицијата запленила кокаин, оружје и повеќе од 10.000 евра.

На крајот се покажало дека Винчиќ бил приведен само на разговор во својство на сведок и не бил казнет на никаков начин.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.