Ѓоковиќ до фановите: Ова е можеби последен мој настап тука, можеби нема да имам друга шанса!
Редакција13 сеп 2024

Новак Ѓоковиќ викендов во Белград ќе игра за Дејвис куп репрезентацијата на Србија. По дури седум години, а можеби и последен пат во кариерата, Новак ќе игра на важен меч против Грција во националниот дрес во салата „Александар Николиќ“, во чиј тим нема да биде најдобриот тамошен играч Циципас.
Поради ова и поради важноста на натпреварот, Новак упати посебен повик до навивачите, свесен дека можеби нема да добие шанса повторно да игра за Србија во својот град.
„Последен пат играв дома во Пионир пред седум години. Не знам дали ќе има уште една можност до крајот на кариерата, па ги повикувам уште еднаш, можеби тоа ќе биде последен пат да играм пред нив во натпреварувањето во Дејвис купот“, изјави тој како гостин на Српската радио-телевизија.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



