Ѓоковиќ елиминиран во прво коло: Грчеви, болки, мачнина, телото почна да ми се распаѓа!
Редакција31 авг 2026

Новак Ѓоковиќ доживеа пораз во првото коло на УС Опен од Аргентинецот Маријано Навоне. Мечот траеше четири часа и 36 минути, а Навоне славеше по пет сета.
Ѓоковиќ откри дека во текот на целиот меч се соочувал со сериозни физички проблеми. Тој зборуваше за мачнина, повраќање, грчеви и болки во целото тело.
-Чувството на теренот… за жал, со тоа се соочувам речиси на секој меч оваа година. Мачнина, повраќање, сериозни проблеми… И тогаш целото тело всушност почнува да попушта – грчеви, болки и тоа е тоа“, изјави тој.
Додаде дека при крајот од мечот му попуштиле грбот, рамото и коленото. Српскиот тенисер призна дека размислувал и за предавање на мечот, но сакал да го заврши.
Навоне на крајот славеше со резултат 7-6, 5-7, 4-6, 6-2, 6-1.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



