Ѓоковиќ одбил да живее во Олимпиското село, ќе биде одвоен од останатите српски тенисери
Редакција24 јул 2024

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да живее во Олимпиското село во Париз.
Според „Sportal“, 37-годишниот тенисер ќе дојде во Олимпиското село само за да ги поздрави српските олимписки учесници, но ќе живее одвоено.
Оваа одлука се должи на фактот што живеењето во Олимпиското село во Токио му отежна на Ѓоковиќ да го одржи режимот – многу спортисти сакаа да се сликаат со него, што го спречи да тренира.
Тениските натпревари ќе се одржат на Олимпијадата во 2024 година од 27 јули до 4 август.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



