SportM
Други

Ѓоковиќ се повлече, колку е сериозна повредата?!

Редакција5 ное 2024
Ѓоковиќ се повлече, колку е сериозна повредата?!

Новак Ѓоковиќ нема да ја брани титулата на завршниот АТП турнир оваа сезона.

-За мене е голема чест што успеав да се квалификувам за финалето во Торино. Навистина се радував на турнирот, но поради повреда нема да можам да играм следната недела.
Им се извинувам на оние кои планираа да ги гледаат моите натпревари. На сите играчи им посакувам одличен турнир. Се гледаме наскоро! – напиша Србинот.

Ѓоковиќ е седумкратен освојувач на трофејот на завршниот турнир.

Натпреварите ќе почнат на 10 ноември. 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.