Ѓоковиќ триумфира на турнирот во Пекинг, Шпанецот Алкараз го подигна трофејот во Токио
SPORTM.mk7 окт 2026

Неколку часа откако светскиот број 1, Италијанецот Јаник Синер изјави дека нема да игра повеќе ниту еден турнир оваа година поради повреда, двајца од неговите ривали ги подигнаа трофеите, испраќајќи му порака.
Шпанецот Карлос Алкараз, број 3 во светот, го освои турнирот АТП 500 во Токио, бранејќи ја титулата освоена минатата година. Во финалето, тој го победи со 2-0 (7-6, 6-4) Чехот Јири Лехечка. За Алкараз ова е првата титула од февруари.
Титулата бр.102 во кариерата ја освои српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој го подигна трофејот на турнирот АТП 500 во Пекинг. Тој искористи откажувањето во финалето на Алекс де Минор во вториот сет (7-6, 0-1). Ѓоковиќ нема изгубено ниту еден меч во Пекинг (34 победи).
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



