SportM
Фудбал

Голема трагедија на фудбалски меч, загинале петтмина!

E R23 окт 2024
Голема трагедија на фудбалски меч, загинале петтмина!

Фото: tv21m

Најмалку пет лица загинаа во пукање што се случи за време на фудбалски натпревар во Кингстон, главниот град на Јамајка.

Локалните медиуми јавуваат денеска дека до пукањето се случило за време на пријателски натпревар во местото Плезент Хајтс во источниот дел на Кингстон.

Медиумите јавуваат и дека населбата во која се играше натпреварот во минатото имала големи проблеми со криминални банди.

Околностите кои довеле до инцидентот, засега, остануваат нејасни, но дел од медиумите посочуваат дека жртвите биле на трибините кога вооружените напаѓачи им се приближиле и почнале да пукаат.

Во нападот со огнено оружје, наводно, биле повредени уште неколку лица.

Полицијата не соопштува повеќе детали за инцидентот, а по престрелката е воведен 48-часовен полициски час.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.