SportM
Фудбал

Големо изненадување на списокот на Аргентина за „прошталните мечеви“ на Меси

SPORTM.mk16 сеп 2026
Големо изненадување на списокот на Аргентина за „прошталните мечеви“ на Меси

Аргентина ќе се соочи со Боливија, Буркина Фасо и Бенин на 30 септември, 3 и 6 октомври. Ова ќе бидат последните натпревари за Лионел Меси со дресот на Аргентина.

Претседателот на Аргентинската фудбалска федерација (АФА), Клаудио Тапија, изјави дека Меси ќе има „проштален меч каковв што заслужува“, но без да даде повеќе детали.

Едно од големите изненадувања во листата на повикани играчи за овие три натпревари е и враќањето во репрезентацијата на Франко Мастантуоно, кој неодамна постигна хет-трик за Фиорентина во Серија А.

За овие пријателски средби ќе се вратат и други млади играчи, кои и претходно биле дел од репрезентацијата: Агустин Гиј (Палмеирас, Бразил), Џанлука Престјани (Бенфика, Португалија), како и Матијас Соуле и Сантијаго Кастро (Рома, Италија).

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.