Други спортови
Ѓорческа ја освои 14-тата титула во кариера

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со триумф го заврши настапот на ИТФ турнирот во W35 Куршумлиска Бања во Србија што се играше за награден фонд од 30.000 долари. Македонската тенисерка во финалето ја совлада Марта Матула од Грција со 2-1 во сетови (2-6 6-0 6-4) за 2 часа и 5 минути игра и со тоа ја освои 14.та титула во сингл.
Успехот е уште поголем од причина што Ѓорческа успеа да направи пресврт во мечот и да стигне до победата на турнирот.
Во првиот сет ривалката успеа да направи брејк во четвртиот гем и да поведе со 3:1 во гемови, а таа предност ја зголеми откако имаше уште еден брејк за 5:1. Македонската тенисерка успеа само мечот да ги врати во неизвесностот со брејкот во првиот воедно и најави подобра игра во продолжението. Во воториот сет Ѓорческа беше доминантна и за 36 минути со 6:0 во гемови го доби сетот и изедначи на 1-1 во сетови.
Решавачкиот сет почна со водство на протвничката од 2:0 во гемови, но Ѓорческа направи серија од три гема за водство од 3:2. Ривалката повторно освои два гема во низа за водство од 4:3, но Лина имаше нова серија од три гема за конечни 6:4 во третиот сет и 2-1 во сетови во мечот.
Триумфот на Ѓорческа ќе значи и скок на ВТА листата на следната промена по завршувањето на Ролан Гарос
Воедно ова за македонската тенисерка е прв освоен турнир по септември 2023 година кога победи истотака на фјучрс турнир во Куршумлиска Бања.