SportM
Фудбал

Готово е, 19-годишникот е на пат за Мадрид, трансферот во Реал изнесува 140 милиони евра!

Редакција6 авг 2026
Готово е, 19-годишникот е на пат за Мадрид, трансферот во Реал изнесува 140 милиони евра!

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска Јан Диоманде (19 години) е на пат за Мадрид, за да го заврши трансферот со „кралскиот клуб“, објави Фабрицио Романо. Тој е заедно со своите агенти. Според најавите фудбалерот ќе треба да потпише договор до 2032 година.

Вкупната вредност на трансферот треба да биде меѓу 130 и 140 милиони евра. Играчот на досега настапуваше за бундеслигашот Лајпциг.

Во текот на преодниот рок беше блиску и до трансфер во европскиот првак ПСЖ, иако на почетокот беше поврзуван и со заминување во Ливерпул.

Ако се реализира овој трансфер тој ќе биде најскапото засилување во Реал Мадрид, претходно беше Џуд Белингем со висина на трансфер од 127 милиони евра и Еден Азар со 120, 8 милиони евра.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.