Готово е, Енис Барди го раскина договорот со Трабзонспор, два тима од Шпанија го сакаат во нивните редови!
E R15 јан 2025

Фото: tv21m
Македонскиот репрезентативец и капитен Енис Барди го раскина договорот со Трабзонспор. Тој го загуби првотимскиот статус, сака повеќе да игра, па поради тоа, во согласност со двете страни, раскинат е договорот со тимот.

Како што пишуваат турските медиуми, за него има интерес од два турски клубови, но се поверојатно е во јануарскиот преоден рок Барди да се врати во Шпанија.
Енис Барди остави добро сеќавање во Ла Лига благодарение на времето поминато во Леванте. Македонскиот офанзивен играч за врска сега е во потрага по нова дестинација, а интерес за него покажаа два шпански клуба. Еспањол и Рајо Ваљекано се приклучија на наддавањето за да ги обезбедат услугите на фудбалерот, според Споркс.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



