SportM
Фудбал

Готово е! Халанд потпиша рекорден договор, вакво нешто не се случило досега!

E R17 јан 2025
Готово е! Халанд потпиша рекорден договор, вакво нешто не се случило досега!

Фото: tv21m

Фудбалската јавност во Англија утрово доби голема вест. Ерлинг Халанд го продолжи договорот со Манчестер Сити, потпишувајќи договор на неверојатни девет и пол години.

Халанд му вети лојалност на Манчестер Сити „доживотно“. Брилијантниот норвешки напаѓач (24) со години е еден од најдобрите во светот, но неговиот актуелен договор со Граѓаните истекува во 2027 година. Ова беше повик за будење за челниците на Манчестер Сити да направат се за да го врзат на „Етихад“ стадионот, а поткрепено е и со фактот дека тој потпиша рекорден договор, како по времетраење, така и по плата. Сите клучни англиски медиуми потврдија дека Халанд потпишал нов договор, вклучувајќи го и најценетиот тамошен новинар Дејвид Орнштајн.

Халанд потпиша договор на девет и пол години, а она што е интересно е што треба да заработи рекордна плата досега невидена во англискиот фудбал. Иако тоа не е потврдено, англиските медиуми откриваат дека тој неделно ќе заработува 500.000 фунти или 590.000 евра, бројка досега невидена во Премиер лигата. Од деталите кои се официјално познати, вреди да се напомене дека Халанд ќе има клаузула во договорот, но таа ќе биде активна дури од 2029 година за сите клубови кои сакаат да го купат. Бројката ќе биде енормно висока. Мохамед Салах доби идентична понуда, но од Пари Сен Жермен, бидејќи неговиот договор со Ливерпул истекува на лето.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.