Готово е, Манчестер Сити доби засилување од 70 милиони евра!
E R4 јун 2025

Фото: tv21m
Манчестер Сити го договори своето прво засилување во летниот преоден рок, откако постигна договор за трансфер на Тиџани Рејндерс од Милан. Рејндерс одамна се согласи на трансфер кај „Граѓаните“, а сега гигантот од Сан Сиро даде зелено светло, а според Фабрицио Романо, ќе добијат дури 70 милиони евра отштета. Остануваат само формалности додека не се заврши трансферот, а наскоро ќе бидат закажани лекарски прегледи на Холанѓанецот на „Етихад“.
Така, Рејндерс ќе го напушти Милан по две години, каде што пристигна од АЗ Алкмар за 20,5 милиони евра. Рејндерс одигра вкупно 104 натпревари за Милан, постигнувајќи 19 гола и запишиувајќи девет асистенции. Тој има 22 настапи за Холандија.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



