Connect with us

Фудбал

Готово е, Симоне Инзаги нема повеќе да биде тренер на Интер, познат е и новиот клуб, ќе дебитира против Реал Мадрид!

Симоне Инзаги и Интер се разделуваат, објави Газета дело Спорт.  Сигналите од последните неколку часа веќе беа јасни, сега пристигна и потврдата, со средбата меѓу тренерот и менаџерите на „нераѕурите“. Точно четири години по денот кога неговото пристигнување во Интер беше официјализирано, Инзаги му соопшти на клубот својата желба да ја заврши авантурата во таборот на „Нероаѕурите“, пред истекување на неговиот договор во  2026 година. Воедно им соопштил дека ќе ја прифати богатата понуда од саудискиот клуб Ал Хилал.

Арапската авантура ќе започне многу наскоро. Инзаги патува за Мајами овој викенд, а токму во Флорида неговиот нов клуб ќе дебитира на Светското клупско првенство против Реал Мадрид на 18 јуни. Одлуката на тренерот беше донесена поради силното разочарување по 5-0 во финалето на Лигата на шампионите.