Фудбал
Гоце Седлоски нов тренер на Вардар, ќе дебитира против Шкупи
Гоце Седлоски е официјално новиот шеф на стручниот штаб на ФК Вардар.
Новиот предводник на црвено-црните, во својата досегашна тренерска кариера ги предводел екипите на Хоризонт Турново, Рига, Широки Бријег, Работнички, Влазниа, вториот тим на Динамо Загреб и Шкупи.
Покрај тоа, во периодот од 2015-2017 година, беше тренер и на ФК Вардар, со кој освои две шампионски титули во рамки на ПМФЛ.
Своето деби, новиот тренер Гоце Седлоски ќе го има веќе во сабота, на натпреварот против екипата на Шкупи, кој ќе се одигра на Арената ,,Тодор Проески” во Скопје.