SportM
Фудбал

Грилиш повторно во проблеми, две ноќи по ред славел со алкохол. Го пропушти тренингот, клубот гo исфрли од составот

SPORTM.mk2 ное 2026
Грилиш повторно во проблеми, две ноќи по ред славел со алкохол. Го пропушти тренингот, клубот гo исфрли од составот

Џек Грилиш повторно е во центарот на полемиките. Според англиските медиуми, фудбалерот на Евертон поминал две ноќи по ред консумирајќи алкохол во локали, што резултирало со негово отсуство од тренинг-сесија. Поради ова, клубот го издвои од натпреварот во “Карабао Куп” против Њукасл Јунајтед.

Според “The Sun”, забавите започнале на 19 октомври, по церемонијата на доделување на наградите “Гордост на Британија” во Лондон. Грилиш поминал неколку часа во караоке-бар со пријателите, а на следниот ден бил виден во паб во Вилмслоу, заедно со Џордан Пикфорд, Тајлер Диблинг и поранешниот соиграч од Манчестер Сити, Кајл Вокер.

По неговото отсуство на тренингот, Евертон потврди дека играчот не е во составот поради нарушување на внатрешниот дисциплински правилник. Тренерот Дејвид Мојс го поддржа одлуката на клубот: „Нема да навлегувам во детали. Клубот донесе одлука и јас ја поддржувам. Нема да додадам ништо повеќе“.

Ова не е првпат Грилиш да се најде на насловните страници на таблоидите поради ноќниот живот. Пеп Гвардиола го отстрани од Манчестер Сити, оценувајќи дека го изгубил фокусот на своите приоритети. Сега, во своите 31 години, Грилиш се соочува со пресвртна точка; мора да одлучи што навистина сака од својата кариера.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.