Грузијка испиша историја во Париз – 36 години, 10 настапи, 2 нации и 3 медали
Редакција28 јул 2024

Грузиската спортска стрелачка Нино Салуквадзе го забележа десеттиот настап на Олимписките игри во Париз.
Таа стана првата жена со 10 настапи на Игрите и само втората спортистка во историјата по канадскиот возач Иан Милар.
Првиот настап на Нино Салуквадзе на Олимписките игри беше пред 36 години, во 1988 година, кога го претставуваше СССР.
Грузијката во својата колекција има три олимписки медали – еден златен, еден сребрен и еден бронзен.
Таа вчера, 27 јули, заврши на 38. место во квалификациите за пиштол на 10 метри со резултат 562.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



