Гвардиола ги одбива сите богати понуди од Саудиска Арабија

Пеп Гвардиола ги одби сите понуди од Саудиска Арабија, потврди неговиот долгогодишен агент Жозеп Марија Оробитг за весникот „Ал Ријадија“.
Според неговите зборови, понудите пристигнале преку посредници, но трофејниот стратег воопшто не сака да ги земе предвид.
По десет години поминати во Манчестер Сити, Гвардиола моментално е без тренерски ангажман и одмора во Дубаи. Иако медиумите го поврзуваа со саудиски клубови, но и со тамошната репрезентација, враќањето на тренерската клупа засега не му е приоритет.
„Пеп официјално ќе започне да разговара за својата иднина дури околу почетокот на следната сезона. Тоа е неговата конечна одлука во овој момент“, порача Оробитг.
Пред понудите од Блискиот Исток, Шпанецот наводно ја одбил и Фудбалската федерација на Италија, а се споменуваше и како кандидат за селектор на репрезентацијата на САД.



