Гвардиола носи важна одлука за иднината по понудите од Саудиска Арабија и САД

Пеп Гвардиола ќе продолжи да ужива во одморот, и покрај неодамнешните понуди од клубови од Саудиска Арабија. Исто така, шпанскиот тренер често се споменува во последно време како потенцијален заменик на Маурицио Почетино на клупата на репрезентацијата на САД, откако Аргентинецот го презеде водството на Манчестер Јунајтед.
Агентот на Гвардиола, Хосеп Мария Оробигт, во неодамнешно интервју за азискиот медиум Ал-Ријадија ги демантираше последните шпекулации и еднаш за секогаш го појасни донесеното решение од Гвардиола.
„Последниве денови добивме понуди од Саудиска Арабија преку посредници. Гвардиола категорично одбива да ги разгледа било која од нив. Пеп ќе започне официјално да дискутира за својата иднина пред почетокот на следната сезона“, изјави Оробигт.



