Гвардиола открива зошто ја одбил понудата да ја води италијанската репрезентација: Имав потреба од одмор, да се посветам на себе

Пеп Гвардиола првпат открива дека ја одбил понудата да стане селектор на Италија. Паоло Малдини и Леонардо официјално му ја понудиле позицијата на „азурите“, но шпанскиот тренер решил да не се врати на работа.
„Првпат зборувам за ова, но, да, разговарав со нив. Бев речиси во непријатна ситуација да им кажам не на Италија. Би било огромна чест во мојата кариера да ја водам италијанската репрезентација“, откри Гвардиола во емисијата „Ромарио ТВ“.
Причината за одбивањето била заморот по долгиот период како тренер. По 10 години во Манчестер Сити, каде освои 6 шампионски титули и една Лига на шампиони, како и 18 години вкупно како тренер, тој почувствувал потреба за одмор.
„Сфатив дека треба да застанам. Имав потреба од малку време за себе“, објасни тој. Сепак, Гвардиола не го исклучува враќањето, па дури изрази желба да ја води некоја репрезентација. „Тоа е мојот следен чекор“. Засега, не одлучил која репрезентација би можел да ја преземе.



