Connect with us

Фудбал

Гвардиола прв до 2 000 000 000 евра!

Манчестер Сити доби уште едно засилување, откако на „Етихад“ успеа да го врати своето дете, Џејмс Трафорд, 22-годишен голман кој пристигнува од Барнли.

Во Барнли се надеваа дека ќе добијат дури 50 милиони евра обештетување за овој голман, но Сити успеа да испреговара сума од 32 милиони евра, што сепак изгледа неверојатно многу.

Интересно е и тоа што Гвардиола со овој трансфер на „Граѓаните“ стигна до еден вид рекорд, бидејќи стана првиот тренер во историјата на фудбалот кој во текот на кариерата потрошил повеќе од две милијарди евра за засилувања!

Таа магична бројка од 2.000.000.000 евра Гвардиола ја надмина токму со трансферот на Трафорд, кој е 96. фудбалер за кој Гвардиола платил обештетување во својата кариера.

Се разбира, тука се пресметани засилувањата кои Гвардиола ги донел во сите три клуба кои ги водел од клупата – Барселона, Баерн Минхен и Манчестер Сити.

Ниту еден друг тренер сè уште не ја достигнал границата од две милијарди, а најблизок до него е Диего Симеоне со 1,31 милијарда евра потрошени на засилувања во Атлетико Мадрид.