SportM
Фудбал

Гвардиола се појави пред новинарите со гребаници по целата глава, објасни што се случило (ВИДЕО)

E R27 ное 2024
Гвардиола се појави пред новинарите со гребаници по целата глава, објасни што се случило  (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Пеп Гвардиола доживува невидено лоша серија на клупата на Манчестер Сити, бидејќи „граѓаните“ во ноември се без победа, а синоќа на болен начин не успеаја да го победат Феенорд во Лигата на шампионите. На „Етихад“ „Граѓаните“ водеа со големи 3:0 до 75. минута, но на крајот холандскиот тим за чудо се врати и освои бод, бидејќи заврши 3:3.

Гвардиола по натпреварот се појави пред новинарите и веднаш сите ги забележаа гребаниците на неговата глава. Целата глава му била изгребана, а се забележувала и крвта на носот.

„Со прстите“, рече Гвардиола на прашањето како се направени гребаниците, а потоа додаде:

„Сакав да се повредам себеси“, вели тој.

Тој истакна дека целосно ги разбира свирежите на навивачите, кои синоќа се слушаа од трибините на „Етихад“.

“Секако дека ги разбирам нивните свирежи. Навивачите доаѓаат за сегашноста, а не за минатото. Кога ситуацијата е добра или лоша, тие секогаш не поддржуваат. Не поддржаа против Тотенхем по 0:4. Тие имаат апсолутно право да се изразат што чувствуваат“, додаде Гвардиола.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.