Гвардиола: Веројатно многу личам на Мурињо… Но тој освои три, а јас шест титули
E R4 дек 2024

Фото: tv21m
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ги коментираше споредбите со поранешниот тренер на Челзи и Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо по гестот на Шпанецот на натпреварот со Ливерпул (2:0) во 13. коло од Премиер лигата.
Кога навивачите почнаа да скандираат за отказ на Гвардиола, тој покажа шест прсти на трибините, алудирајќи на шест титули во лигата.
– Се надевам дека не во мојот случај! На крајот, можеби сме доста слични… Но тој освои три титули, а јас шест, изјави Гвардиола за „Гардијан“.
Манчестер сити нема победа на седум натпревари во сите натпреварувања – 6 порази и 1 нерешено. Тимот на Гвардиола се наоѓа на 5. место во поредокот во Премиер лигата со 23 бода.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



