SportM
Фудбал

Хачинсон: Не дојдов во Милан да го заменам Леао, тренерот беше импресиониран од мене

SPORTM.mk10 сеп 2026
Хачинсон: Не дојдов во Милан да го заменам Леао, тренерот беше импресиониран од мене

Едно од новите засилувања на Милан ова лето беше Омари Хачинсон, играч кој дојде во финишот на трансфер периодот. За многумина, тој се смета за заменик на Рафаел Леао, но 22-годишниот Англичанец има други идеи.

Јас не сум заменик на Леао. Мислам дека играме на различни страни на теренот. Тој е левокрилен играч, а јас играм на десната страна, но секако, сакам да имам исто влијание како него кога беше во добра форма тука”, рече Хачинсон.

“Верувам во себе и имам задача што треба да ја исполнам”, додаде англискиот крилен играч кој доаѓа на позајмица од Нотингем Форест. Тој сподели и за разговорот што го има со тренерот Рубен Аморим по доаѓањето во Миланело.

Првиот пат кога разговарав со Аморим на телефон, тој ми рече дека ќе ми треба да ги отклучам одбраните, бидејќи тимовите понекогаш играат со низок блок. Мислам дека ги имам квалитетите за тоа и со нетрпение чекам да излезам на терен,” увери новиот офанзивен играч за врска.

Мислам дека тренерот ме посакуваше и беше импресиониран од мене и рече дека му треба играч што игра со левата нога за таа позиција. Тој рече дека ги исполнувам неговите критериуми, па моето преминување во Милан не беше многу тешко,” кажа Хачинсон.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.