Халанд, нов капитен на Манчестер Сити? Според правилата на Мареска, тоа е тешко…

По заминувањето на Бернардо Силва во Реал Мадрид, Манчестер Сити бара нов капитен. На листата се Родри, кој може да се пресели во Барселона, Рубен Дијаз, Фил Фоден и Ерлинг Халанд.
За разлика од Гвардиола, кој го оставаше изборот на целата екипа, новиот тренер Енцо Мареска ќе го одреди сам капитенот, применувајќи правило кое веќе го користел и порано: „Како во Лестер, така и во Челзи имав правило. Кога ќе постигнеме гол, капитенот треба да дојде до клупата, не за да слави, туку за да прими инструкции. Ако капитенот постигне гол, нормално е да слави“.
Ова ја отежнува улогата на Халанд, имајќи го предвид големиот број голови што ги постигнува. Самиот Мареска изјави: „Ако Ерлинг е капитен, тогаш може да имаме проблем“.
Според британските медиуми, Рубен Дијаз е фаворит за капитенската лента. Сепак, против Арсенал во „Комјунити Шилд“ може да ја носи Фоден, бидејќи е играч со најмногу години во Сити и сака да преземе повеќе одговорност.



