SportM
Други

Хаос на тренингот на Ѓоковиќ во Будва (ВИДЕО)

Редакција23 јул 2024
Хаос на тренингот на Ѓоковиќ во Будва (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ ја заврши последната фаза од подготовките за Олимписките игри во Париз во Црна Гора. По поразот во финалето на Вимблдон, најдобриот тенисер во историјата тренираше на земјени терени во Црна Гора, а последните неколку дена дестинација му беше Будва. Ѓоковиќ тренираше на теренот на „Словенска плаже“, а неговиот изглед привлече големо внимание.

Луѓе од сите возрасти доаѓаа да ги следат неговите тренинзи, а тој трпеливо даваше автограми и се фотографираше. Олимписките игри почнуваат на 26 јули, тенискиот турнир започнува на 27 јули и ќе трае до 4 август. Ждрепката е закажана за четврток, 25 јули.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.