Connect with us

Фудбал

Хаос во Ливерпул, Салах изоставен од тимот, не патува во Милано за дуелот со Интер!?

Сагата околу Мохамед Салах во Ливерпул продолжи и денес. Имено, како што објави најпознатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, повикувајќи се на RMC Sport, Египќанецот е изоставен од тимот во пресрет на натпреварот од Лигата на шампионите против Интер.

Како што наведува истиот извор, одлуката ја донеле Управата на клубот, но и тренерот Арне Слот.

Потсетуваме, Салах претходните три натпревари во домашното првенство ги започна од клупата, а за викендот воопшто не влезе во игра во ремито против Лидс.

Неодамна изјави дека нема никаков однос со тренерот Слот и јавно го откри своето незадоволство.

„Мислам дека е многу јасно дека некој сака јас да ја преземам целата вина. Веќе неколку пати сум рекол дека имам добар однос со менаџерот, а сега одеднаш немаме никаков однос. Не знам зошто“, рече Салах и додаде:

„Изгледа како клубот да ме фрли под автобус. Така се чувствувам. Овој клуб секогаш ќе го поддржувам, како и моите деца. Толку многу го сакам и го поддржувам. Да бидам искрен, ситуацијата не ми е прифатлива. Не го разбирам тоа. Како да ме туркаат под сè поголем товар, а јас не мислам дека јас сум проблемот. Толку многу сум направил за овој клуб. Не мора секој ден да се борам за својата позиција, затоа што ја заслужувам. Ја заслужив мојата позиција во тимот.“