Фудбал
Хаос во соблекувалната на Реал Мадрид по поразот од Селта, летале шишиња и други предмети!
Поразот на Реал Мадрид на домашен терен од Селта Вигo (2:0) предизвика хаос во соблекувалната на кралскиот клуб, пренесуваат шпанските медиуми.
Исти извори наведуваат дека по шокантниот пораз од Селта, во совлекувалната „летале“ шишиња и други предмети.
Како што пишуваат дел од шпанските медиуми, Џаби Алонсо не бил присутен на хаосот, бидејќи не влегол во соблекувалната ни за еден момент. Немало никаква комуникација или разговор со играчите по натпреварот. Наводно, претседателот на клубот, Флорентино Перез, бил последниот што го напушти стадионот по мечот, што исто така не е нормално и вообичаено.
За време на денешниот тренинг, Алонсо изјавил:
-Сите сме обединети, бидејќи сме свесни дека станува збор за фудбал. Мора да гледаме кон иднината. Знаеме какви се очекувањата, тешко е да се прифатат поразите, но, повторувам, мора да продолжиме напред. Тоа е наша заедничка одговорност, мора да останеме обединети за да ги постигнеме поставените цели.