Хари Кејн постигна два гола во својот 100-ти натпревар
Редакција11 сеп 2024

Репрезентацијата на Англија ја победи Финска со 2-0 во натпревар од 2.коло на фудбалскиот турнир на Лигата на нации и забележа втор последователен успех.
Двата гола ги постигна Хари Кејн, кој пред средбата на „Вембли“ беше награден за мечот број 100 со тимот на англискиот тим.
Домаќините доминираа во текот на целиот натпревар и пропуштија многу шанси.
Трент во 57. минута го пронајде Кејн, кој се справи со финската одбрана и со силен удар и контакт со гредата ја испрати топката во мрежата.
Во 76. минута напаѓачот на Баерн повторно го постигна вториот гол по удар од шеснаесетникот.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



