Хрватска доби нов селектор!
Редакција13 јул 2026

Извршниот одбор на Фудбалската федерација на Хрватска денеска официјално го назначи Славен Билиќ за нов селектор на репрезентацијата.
За 57-годишниот Билиќ ова ќе биде втор мандат како селектор на Хрватска, која ја предводеше од 2006 до 2012 година.
Во тој период, Билиќ избори две учества на европските првенства, а на Евро 2008 Хрватска дојде до четвртфиналето.
Билиќ доаѓа на местото на Златко Далиќ, кој замина од должноста по елиминацијата на Хрватска во шеснаесетфиналето на тековното Светско првенство, со поразот од Португалија од 2-1.
Хрватската репрезентација, под водство на Далиќ, играше во финалето на Мундијалот 2018, а на последното Светско првенство во 2022 година го освои третото место.
Сподели
Поврзани вести

Барса против ПСЖ и Сити, Реал против Интер и Арсенал, ќе имаме супер мечеви, извлечени паровите за ЛШ

Нова можност за Марк Касадо, која може целосно да ја промени неговата кариера. Шпанецот нема да ја напушти Европа

Реал Мадрид го официјализира неочекуваниот трансфер, 21-годишник потпишa на две години
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.
