SportM
Фудбал

Ибрахимовиќ по скандалот ги „построил“ тренерот и капитенот на Милан, веднаш ја извршија наредбата

E R27 јан 2025
Ибрахимовиќ по скандалот ги „построил“ тренерот и капитенот на Милан, веднаш ја извршија наредбата

Фото: tv21m

Италијанскиот печат денеска објави повеќе детали за несогласувањата меѓу тренерот на Милан, Серхио Консеисао и дефанзивецот Давиде Калабрија на крајот од натпреварот против Парма (3:2), истакнувајќи дека Златан Ибрахимовиќ морал да интервенира за да се смират работите.

Португалскиот тренер и капитенот на Милан за малку ќе се пресметаа на крајот од натпреварот, а поранешниот шведски играч, сега менаџер на Милан, по јавното несогласување меѓу тренерот и играчите отиде директно во соблекувалната и ги „построи“ за да разговараат.

Ибрахимовиќ потоа ги испратил Калабрија и Консеисао да зборуваат пред новинарите, за да не дојде до ескалација на проблемот, а потоа зборуваше со самиот Консеисао добри 30 минути, поради што португалскиот тренер доцнел на прес-конференцијата. Првично беше кажано дека на Консеиао не му се допаднала реакцијата на Калабрија по замената, но италијанските медиуми објавија дека гневот на тренерот произлегол од коментарите на еден играч за време на прославата на тимот. Во секој случај, Калабрија го направи она што го побара Ибрахимовиќ, зборуваше за новинарите и се обиде да ги смири работите.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.