Ибрахимовиќ призна дека заспал за време на меч од Светското првенство
Редакција22 јун 2026

Поранешниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ призна дека заспал за време на натпреварот од групната фаза на Светското првенство во 2026 година помеѓу Белгија и Иран.
Средбата се одржа синоќа во Инглвуд и заврши без голови, 0:0.
-Во првото полувреме речиси заспав. Во второто полувреме всушност заспав. Нема многу што да се каже за тој натпревар, изјави Ибрахимовиќ за Фокс.
Во последниот натпревар од групната фаза, Иран ќе игра против Египет, додека Белгија ќе се соочи со Нов Зеланд. Натпреварите ќе се одржат на 27 јуни.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



