SportM
Фудбал

Иднината на македонскиот фудбал не познава одмор: ФК Кул тренира и на екстремни температури, сениорите во Трета лига!

Редакција29 јун 2026
Иднината на македонскиот фудбал не познава одмор: ФК Кул тренира и на екстремни температури, сениорите во Трета лига!

Теренската екипа на „Мундокаст“ ги посети младите надежи на фудбалскиот клуб Кул, кои неуморно тренираат и за време на летниот распуст, и покрај високите температури. Тренерот Стефан Здравески истакна дека посветеноста е клучна за успех.

„Ако детето сака да стане фудбалер, мора да се тренира во секакви услови. Секојдневно работиме на остварување на нивните соништа“, изјави Здравески. ФК Кул бележи одлични резултати – генерацијата 2010 стана шампион во помлади пионери на Македонија, додека сениорскиот тим, без ниту еден пораз, избори пласман во Третата лига, со јасна амбиција за напад на Втората лига следната сезона.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.