SportM
Фудбал

Играчите и тренерите се жалат дека играат многу натпревари? Мурињо има решение: Намалете ги платите и гледајте

SPORTM.mk23 ное 2026
Играчите и тренерите се жалат дека играат многу натпревари? Мурињо има решение: Намалете ги платите и гледајте

Тешката повреда на Хари Кејн и Дезире Дое за време на викендот повторно го отвори дебатата за големиот број натпревари што играчите ги играат во текот на годината, што наводно води до чести повреди. На прашање поврзано со оваа дебата за време на прес-конференцијата пред натпреварот со ПСВ, Жозе Мурињо беше директен.

„Дали има многу повреди затоа што се играат многу натпревари? За да заработите многу пари, мора и да ризикувате. Тоа е животот. Ако играчите сакаат да одат во штрајк затоа што играат многу натпревари, може да се согласат да им се намалат платите на половина…

Дали Луис Енрике би прифатил намалување на платата од 20% за да престане да зборува на прес-конференции? Го почитувам Луис, но не се согласувам со него. Мојава плата да не се допира“, рече Мурињо.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.