SportM
Фудбал

Играше само 28 минути за Барселона, тажен крај за „хрватскиот Меси“. Денес, скита без клуб…

SPORTM.mk29 сеп 2026
Играше само 28 минути за Барселона, тажен крај за „хрватскиот Меси“. Денес, скита без клуб…

Кога имаше 16 години, тој беше наречен „хрватскиот Меси“ и привлече интерес од многу големи клубови. Барселона ги победи другите големи клубови и го трансферираше за милиони евра од Динамо Загреб.

Станува збор за Ален Халиловиќ, од кого се очекуваа многу, но неговата кариера тргна во неочекуван правец. Халиловиќ одигра само 28 минути за Барселона, во натпревар од Купот на Кралот против Елче. Тоа беше неговиот единствен настап за првиот тим. Во 2016 година, го спакува куферот и започна едно посебно патување низ Европа кое го однесе во Хамбург, потоа во Спортинг Хихон, и така натаму, во Лас Палмас, Милан, Стандард Лијеж, Херенвен, Бирмингем Сити, Ридинг, Ријека и Фортуна Ситард.

Многу дресови и многу промени за еден фудбалер кој требаше да направи разлика. И сценариото се повторуваше каде и да одеше: некој добар натпревар а потоа недостаток на континуитет.

Халиловиќ во моментов има 30 години и нема клуб. Неговата кариера никогаш не го достигна потенцијалот кој се очекуваше и во јуни минатата година, откако му истече договорот со холандскиот тим Фортуна Ситард, тој остана слободен играч. Тој го помина целото лето без да пронајде клуб. Сега требаше да биде на врвот на кариерата, но всушност се надева дека некој клуб ќе „стави рака на срце“ и ќе го трансферира таму бесплатно.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.