Фудбал
Играше за Интер, Милан, Ливерпул, Манчестер Сити, а сега индиски клуб го одби поради недисциплина!
Турските и индиските медиуми јавуваат дека клубот Керала Бластерс одбил во своите редови да го доведе италијанскиот фудбалер Марио Балотели кој моментално е слободен играч.
Балотели неодамна е без клуб откако во јуни му истече договорот со Адана Демирспор. Поранешниот напаѓач на Интер, Милан, Ливерпул и Манчестер Сити имаше шанса да потпише договор со Керала Бластерс, но Fanatik и Times of India тврдат дека 34-годишниот фудбалер бил одбиен. Како причина се наведува дисциплината или недостаток на истата, во случајот на Балотели, како што им кажале директорите на индискиот клуб на неговите претставници. Ова важи и за инциденти надвор од теренот, пример е случајот од март кога Балотели фрли петарда во соблекувалната и ги исплаши соиграчите.