Кошарка
Илиевски го објави списокот за ноемврискиот ФИБА „прозорец“
Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Марјан Илиевски, попладнево го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојните натпревари во рамки на првиот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Евробаскет 2029.
За дуелите од претквалификациите, со Азербејџан и Ирска предводникот на сениорскиот тим смета на следниве кошаркари:
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – Работнички
Бобан Стајиќ – Пелистер
Андреј Митревски – Пелистер
Лука Стојановски – Пелистер
Виктор Ташовски – ТФТ Скопје
Страхил Николов – ТФТ Скопје
Теодор Симиќ – Кожув
Адем Мекиќ – Бора – Косово
Ваљмир Какруки – Сигал Приштина – Косово
Лејсон Зеќири – Башкими – Косово
Андреј Јакимовски – Тренто – Италија
Џејкоб Вајли – Ритас – Литванија
Омари Мур – Валенсија – Шпанија
Нејт Сестина – Олимпиjа Милано – Италија
Натпреварот со Азербејџан е закажан за 27 ноември, три дена подоцна е дуелот со Ирска.