Кошарка
Има 19 години, а веќе е највисокиот кошаркар, не мора ниту да скокне за да направи „забивање“ (ВИДЕО)

Одејќи од неговиот стан до часовите, а потоа до кошаркарскиот објект на Универзитетот во Флорида, Оливие Риу позира со десетици, понекогаш и стотици пати за фотографирање на ден. Вертикални снимки, се разбира.
Риу нема да се вклопи во рамката на фотографијата на друг начин. Со 2,36 метри, Rиу е највисок во колеџ лигата во Флорида. Тој е всушност највисокиот на кампусот – кој било кампус. Бруцошот од Флорида, среќен Канаѓанец влезе и во Гинисовата книга на рекорди како највисок тинејџер, но и највисок кошаркар во универзитетската лига откако минатата година на 18 годишна возраст, во ноември дебитираше за универзитетскиот тим на Флорида Гејторс.
Веселиот тип познат како „Оли“ ќе стане највисокиот што играл под обрачи на факултет, престигнувајќи го Кени Џорџ од UNC Asheville (2006-08) кој имаше тогаш 2,31 метри. Тој е 5 сантиметри повисок од поранешните НБА гиганти Георге Муресан и Мануте Бол, и 6 сантиметри повисок од популарните луѓе Јао Минг, Тако Фол и Шон Бредли.
Поради неговата висина, Риу има проблеми со влегувања низ вратите, спиењето в кревет, а бројот на чевлите му е неверојатни 57,5, и носи само облека специјално сошиена за него.