Инфантино: Бев подготвен да одам во Техеран со автобус да ги земам фудбалерите на Иран и да го донесам во САД (ВИДЕО)

Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино на прес конференција по повод почетокот на Мундијалот зборуваше за многу работи, а секако се осврна и на најголемиот проблем, а тоа се визите. Како што е познато, Иран се соочи со голем проблем и во последен момент добија визи и дозвола за влез во САД. Инфантино рече дека многу луѓе не верувале дека Иран воопшто ќе се појави на ова Светско првенство, пред се поради војната во Персискиот залив, но тој рече дека бил подготвен да земе автобус, да отиде во Техеран и да ја земе оваа репрезентација.
-Кога луѓето велеа дека ќе биде невозможно Иран да дојде на Светското првенство, јас им реков и им ветив дека ќе дојдат. Им кажав дека, ако треба, ќе одам со автобус до Техеран и лично ќе ги довезам овде. Нивниот одговор беше: „Ние самите ќе го земеме автобусот и ќе возиме ако е потребно. Се квалификувавме и сакаме да играме, рече Инфантино.
Поврзано
Поврзани вести

Тргнете го тоа од дресот-ФИФА нареди на репрезентација да го промени дресот два дена пред почетокот на Мундијалот (ФОТО)

Почнува Светското првенство, скандали и пропусти, за прв пат нема пренос на МТВ, кој е фаворит, а кој може да изненади?!

