SportM
Фудбал

Инфантино го моли Трамп да му ја спаси работата, но Трамп не му се јавува!

Редакција3 авг 2026
Инфантино го моли Трамп да му ја спаси работата, но Трамп не му се јавува!

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, побарал помош од администрацијата на Доналд Трамп за да ја зачува својата позиција, тврди „Њујорк пост“.

„Пост“ пишува дека Инфантино договорил приватна средба со американскиот државен секретар Марко Рубио, во момент кога расте притисокот да поднесе оставка поради неуспешниот план за продажба на комерцијалните права за Светското првенство на приватен фонд на Џош Кушнер.

„Тој сакал да стапи во контакт со секретарот и да разговара за тоа како фудбалот може да служи како форма на ‘мека моќ’ за Америка“, изјавил извор запознаен со ситуацијата.

„Но, на сите им е јасно дека тука станува збор исклучиво за спасување на неговата позиција. Во овој момент ништо друго не е важно.“

Друг извор наведува дека швајцарско-италијанскиот спортски функционер се чувствува „изолиран“ поради серијата негативни медиумски написи и дека бара влијателни сојузници кои јавно би го поддржале.

Сепак, помошникот на американскиот државен секретар, Дилан Џонсон, го демантирал написот на „Њујорк пост“ за претседателот на ФИФА, наведувајќи дека „нема планови државниот секретар Марко Рубио да се сретне со Инфантино“.

ИНФАНТИНО ГО ПОВИКАЛ ТРАМП, НО ТОЈ НЕ МУ СЕ ЈАВУВА

Извори тврдат дека 56-годишниот Инфантино, од петокот, кога пропаднал неговиот план за продажба на комерцијалните права, повеќепати безуспешно се обидел телефонски да го добие 80-годишниот Трамп.

„Пост“ прв објави дека обидот на Инфантино да ги издвои правата за преноси, спонзорства, лиценцирање и продажба на билети бил запрен по отпорот од фудбалските федерации ширум светот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.