SportM
Фудбал

Интер го очекува „бомбастичен“ календар, но може да биде можност за одвојување на врвот на Серија А

SPORTM.mk29 сеп 2026
Интер го очекува „бомбастичен“ календар, но може да биде можност за одвојување на врвот на Серија А

По неделата за одмор што ја даде Чиву на играчите, Интер се врати во понеделникот на тренинзите во “Апјано Џентиле”, започнувајќи ги подготовките за продолжението на првенството. Тренерот ќе треба да ги управува силите за првата густа серија од сезоната: 5 натпревари во Серија А и 2 во Лигата на шампионите во текот на октомври.

Покрај дербито во гостување против Милан, „неразурите“ ќе се сретнат во првенството со Парма, Болоња, Фиорентина и Венеција, екипи кои моментално се наоѓаат од 15-то место до крајот на табелата. Парма е првиот противник, на 10 октомври на “Сан Сиро”. Во Лигата на шампионите, неразурите ќе играат против Клуб Бриж и Шахтјор, додека 4 од 7 натпревари во октомври ќе ги играат на “Сан Сиро”.

Календар на ривалите:

Рома: Комо (гостува), Реал Мадрид, Џеноа, Слован Братислава (дома), Наполи (гостува), Каљари, Удинезе (гостува).

Лацио: Монца, Парма, Каљари (дома), Јувентус, Сасуоло (гостува).

Милан: Сасуоло, Салцбург, Борнмут, Удинезе (гостува), Аталанта, Болоња, Интер (дома).

Јувентус: Каљари, Селта Виго (гостува), Лацио, Рен (дома), Лече, Џенова (гостува), Наполи (дома).

Комо: Рома, Манчестер Јунајтед, Сасуоло, Венеција (дома), Феенорд, Фиорентина, Торино (гостува).

Наполи: Фрозиноне, Бодо/Глимт, Рома (дома), Вилјареал, Венеција, Монца, Јувентус (гостува).

 

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.