Интер го смета за непродажлив и одбива понуди од 60 милиони евра од Англија за најдобриот играч оваа сезона

Франческо Пио Еспосито може без страв да се нарече најдобриот играч на Интер оваа сезона досега. 21-годишникот постигна хет-трик во спектакуларното реми 4-4 против Аталанта изминатиот викенд. Вкупно, има постигнато 6 голови и 2 асистенции во 12 натпревари досега.
Добрата форма на италијанскиот напаѓач привлече внимание од многу други големи клубови. Николо Шира открива дека два клуба од Премиер лигата, конкретно Арсенал и Њукасл, постојано се обидувале да преговараат за можен трансфер на италијанскиот напаѓач, но Интер го смета за непродажлив и категорично ја одбива секоја можност за негово заминување.
Дури и Њукасл понуди привлечни 60 милиони евра, но сепак беше одбиена од страна на „црно-сините“. Накратко, Пио Еспозито ќе продолжи да биде дел од „црно-сината“ екипа подолго време. Претходно оваа година, Еспозито го продолжи договорот со Интер до 2032 година.



