Интер планира две засилувања без пари, едно од нив ќе биде спектакуларно враќање

Интер веќе започна да размислува за летниот трансфер-период следната сезона. Клубот од Милано работи на финализирање на два трансфери без надоместок. Првото име на листата е Матео Ковачиќ, чиј договор со Манчестер Сити истекува на крајот од оваа сезона. Хрватот беше дел од овој тим две сезони, пред да се пресели во Реал Мадрид.
Хрватскиот играч за врска може слободно да преговара за преддоговор почнувајќи од јануари 2027 година, ако не го продолжи договорот со Сити пред тој датум. Изгледа малку веројатно да се случи продолжување, со оглед на тоа што играчи второстепена улога кај „Граѓаните“, па разделбата изгледа неизбежна.
Покрај Ковачиќ, Интер следи уште еден профил за средината, кој е физички посилен и поагресивен од хрватот. Станува збор за играчот за врска на Наполи, Франк Замбо-Ангиса. Неговиот актуелен договор со клубот од Неапол истекува во јуни оваа сезона. Ангиса побарал плата близу 6 милиони евра, во споредба со сегашните 3,6 милиони евра што ги добива.
Интер ги гледа овие двајца играчи како можни замени за Хакан Чалханоглу и Хенрих Мхитарјан.



