Интер со убедлива победа против Џенова, блеска двојката Мартинез-Турам

Интер ја заврши задачата за 13. коло во Серија А на најдобар можен начин, победувајќи ја Џенова со 4-0 на „Сан Сиро“. Натпреварот беше отворен во 29. минута, кога капитенот Лаутаро Мартинез постигна гол по асистенција на Анди Диуф.
Во 40. минута, беше редот на Маркус Турам да постигне втор гол, по асистенција на Лаутаро Мартинез. Во 44. минута, Интер го постигна и третиот гол преку Федерико Димарко, кој беше поништен поради офсајд.
Во дополнителното време, Интер го постигна и третиот гол преку Петар Сучич од белата точка, откако Себастиен Отон направи фаул врз Николо Барела во шеснаесетникот. Првото полувреме заврши со 3-0 за Интер.
Во 54. минута, уште една брза контра на „црно-сините“, успешно завршена од Маркус Турам по асистенција на Николо Барела, иако со мала девијација.
Интер победи со 4-0 и го задржа второто место на табелата со 32 бодови, три помалку од лидерот Лацио.



